Get Adobe Flash player

СТАТУТ ФГСМ

 

statut

КЛУБОВИ

- КГС „ПАРТИЗАН“ - БИТОЛА

- КГС „ПАРТИЗАН“ - ПРИЛЕП

- КГС „ПАРТИЗАН“ - О.НИКОЛОВ

- КГС „КОЧАНИ“ - КОЧАНИ

- КГС „ПАРТИЗАН“ - ГОСТИВАР

- КГС „ПАРТИЗАН“ - СТРУМИЦА

- ДГС „ПАРТИЗАН“ - Ѓ.ПЕТРОВ

- КГС „ПАРТИЗАН“ - ГЕВГЕЛИЈА

РАНГ ЛИСТА

Ранг листа на натпреварувачи

КАМП ФГСМ

zelt01

Кампувајте кај нас понудите
се најдобри, а цените најповолни
.

FIG

UEG

MOK

AMS

     Ги известуваме сите клубови дека Федерација за гимнастички спортови на Македонија се обрати со писмо до Агенцијата за млади и спорт, околу финансирањето на нашата Федерација. Во прилог го објавуваме писмото што е испратено до надлежните во Агенцијата.

 

                                                                        До директорот на АМС

                                                                                    Г-дин Маријан Спасевски

 

Почитувани

Ве известуваме дека и покрај нашата средба што ја имавме во врска со финансирање на канцеларијата на ФГСРМ, како и техничкото лице, потсетуваме дека веќе четири години немате префрлено ниту еден денар за работење на канцеларијата. Што се однесува до финанансирање на меѓународните натпревари, како и домашните натпревари, исто така од Ваша страна, сме игнорирани и не сме финансирани и покрај проектите и календарите што Ви ги доставуваме. Трошковите за одржување на државните натпревари ги одржуваме со големи тешкотии исклучиво со лични средства од претседателот на Федерација Љупчо Арнаудов. Но, како што тече времето се помалку средства можеме да обезбедеме.

Уште еднаш Ве замолуваме да изнајдете начин да ја помогнете, односно да ги финансирате трошковите за канцеларија како и за техничкото лице што работи тука.

Срдечен поздрав

 

Претседател на Гимнастичка Федерација

      Љупчо Арнаудов   

 

Пратено 

Директор: Маријан Спасевски

Државен советник: Александар Пујоски

Меѓународен Спорт

Г – дин Томислав Андоновски

 

trace my ip