Get Adobe Flash player

СТАТУТ ФГСМ

 

statut

КЛУБОВИ

- КГС „ПАРТИЗАН“ - БИТОЛА

- КГС „ПАРТИЗАН“ - ПРИЛЕП

- КГС „ПАРТИЗАН“ - О.НИКОЛОВ

- КГС „КОЧАНИ“ - КОЧАНИ

- КГС „ПАРТИЗАН“ - ГОСТИВАР

- КГС „ПАРТИЗАН“ - СТРУМИЦА

- ДГС „ПАРТИЗАН“ - Ѓ.ПЕТРОВ

- КГС „ПАРТИЗАН“ - ГЕВГЕЛИЈА

РАНГ ЛИСТА

Ранг листа на натпреварувачи

КАМП ФГСМ

zelt01

Кампувајте кај нас понудите
се најдобри, а цените најповолни
.

FIG

UEG

MOK

AMS

Почитувани

 

Со особено задоволство, претседателе Никола Груевски ја следевме Вашата прес - конференција што се однесуваше до мерките за спортот во Република Македонија. Ги знаеме сите Ваши напори, што се однесува до инфраструктурата на спортските објекти во Македонија и превземање на зафати за големо значење на спортот во Република Македонија. Сите овие мерки што ги кажавте за финансирање на спортот, предизвикаа кај нас, федерациите и клубовите, голем интерес бидејќи сите клубови во Македонија кубурат за финансиски средства и моментално спортот во Македонија е на најниско ниво од самото постоење и осамостојување на Република Македонија.

Во Агенцијата за млади и спорт, во која се надеваме ќе одат мерките кои ги предложивте, настанува куршлусот односно, дали ќе се делат и како ќе се делат овие средства. Познавајќи ја структурата на вработени во Агенцијата за млади и спорт, а особено на лицето Томче Андоновски кој застана со своите размислувања во деведесетите години од минатиот век, сеуште е тој што управува со агенцијата, а не другите тела.  

Гимнастичката Федерација на Македонија со седиште во Битола, претставувана од претседателот Љупчо Арнаудов, веќе пет години не добива никакви средства од агенцијата, се снаоѓа сама. Сите знаеме дека без поткрепа од државата, спортот во Македонија не може да се развива како во другите земји.

Ви го пишуваме ова писмо со надеж дека имате влијание и можност да делувате во Агенцијата за млади и спорт, особено да се модернизира кадарот кој работи во таа агенција бидејќи залудни се сите овие мерки што ги препорачавте за спортот ако тие не дојдат до самите федерации и клубовите.

Ве поздравуваме со спортски поздрав и се надеваме дека ќе се направат вистински вложувања во спортот.  

                                                                                               

Претседател

Љупчо Арнаудов 

trace my ip